Инспекторот Илиевски, кој откри неправилности во образованието на функционери, деградиран на пониско работно место

Ѓорѓи Илиевски, Вишиот просветен инспектор и раководител на одделението за инспекциски надзор во високото образование, научните институти, ученичките и студентските домови, со одлука на директорот на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Томе Спировски, е деградиран на пониско работно место.

 

„Распределување на работно место во непосредно пониско место“, гласи дисциплинската мерка на Државниот просветен инспекторат, од каде велат дека дисциплинската комисија утврдила дека Илиевски сторил прекршок и со тајно гласање ја донела одлуката.

 

Илиевски во јавноста обелодени дека при редовниот инспекциски надзор на Правниот факултет при ДУТ утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нихиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски добиле дипломи и напредувале во наставно-научни звања.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.