Крушево се подготвува за големиот Илинден и за бројни манифестации

Во Крушево во ек се последните подготовки за големиот празник Илинден и за манифестацијата Научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“. Интензивно се чисти на Мечкин Камен каде ќе биде и централното чествување на 2 Август.

 

Јавното комунално претпријатие „Комуна“ работеше на уредување на улиците во градот. Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски,  деновиве се очекува да се уредедат и ичистат магистралните и регионалните патишта кои водат до Крушево.

 

„Работевме на поголемите улици во градот и на „Гумење“ и привршуваме на Мечкин Камен. Наредниве денови очекуваме да се уредуваат магистралните и регионалните патишта за подобар пречек на гостите и посетителите кои доаѓаат во Крушево за големиот празник. Нѐ очекуваат многу настани и мора да бидеме подготвени за пречек на илјадници туристи во текот на цел август“, изјави Христоски.

 

Во Крушево, во моментов се одржува меѓународното првенство во параглајдерство „Флајмастер опен“, на 26 и 27 јули е манифестацијата „Крушево будно“, од 26 до 28 јули ќе се одржуваат „Меѓународни денови на влашкиот народ“, а од први до 10 август се Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“. Од 5 август почнува светското првенство во параглајдерство. Сите манифестации се очекува да донесат голем број туристи и посетители.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien