Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Крушево, двајца тешко повредени

На регионалниот пат Прилеп-Крушево се случи тешка сообраќајна несреќа, при што со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

 

Имено, на потегот помеѓу Прилеп и с. Мало Коњари, околу 21.20 часот дирекно се судриле патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и итно биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана помош.

 

Увид на местото извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.