Хан: Никој не смее да биде амнестиран од одговорност, законот за ЈО е услов за датум во октомври

За датум во октомври неопходно е да продолжат реформите во правосудството и борбата против корупцијата, како и да се донесе Законот за Јавно обвинителство, порача еврокомесарот Хан во Скопје, додавајќи дека тоа е црвената линија на ЕУ.

 

„Она што е клучно за октомври е да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото, со цел да се осигуриме дека работата на случите ќе биде во делот на Специјалното јавно обвинителство, ова е од особена важност за земјата. Сите партии и државни тела ќе мора да продолжат да покажуваат одлучност да му дозволат на владеењето на правото да преовлада. Мора да продолжат напорите во оваа област и да се покаже нула толеранција кон корупцијата и организираниот криминал. Земјите-членки го следат овој процес одблиску, но пред сè тоа е за доброто на граѓаните“, рече Хан.

 

Еврокомесарот рече дека судскиот систем мора да работи според правилата и тоа мора да го почитуваат сите.

„Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да биде гарантирано. Ние така го гледаме владеењето на правото“, истакна Хан.

 

Хан, кој по трет пат е номиниран од својата земја за еврокомесар, беше дециден дека земјава мора да продолжи со процесот на реформи доколку сакаме датум за преговори, а ЕУ пак треба да го испорача тоа што го ветиле.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien