Заев: Не ги знам непосакуваните начини за донесување на законот за СЈО, но ќе бидат непријатни

Премиерот ЗОран Заев посакува консензус во решавање на прашањето околу законот на СЈО и негово донесување заедно со опозицијата, но доколку не се изгласа Законот за јавно обвинителство до 15-ти септември, ќе мора да се изнајдат непосакувани начини, за кои рече дека не ги знае ни тој, но знае дека ќе бидат непријатни.

 

„На непосакувани начини се мисли кога државата била ставена во функција да изнајде други начини кога не се изнаоѓале нормални. Таквите начини никој не ги посакува, ни јас. Ако до 15-ти септември не се донесе Законот за јавно обвинителство, завршува мандатот на шефицата на СЈО, но останува мандатот на Специјалното јавно обвинителство, уште една година. Државата ќе биде во непријатна состојба да изнајде непоскувани начин, не ги знам ни јас, но знам дека ќе бидат непријатни. Ќе мора лидерски средби да се одржуваат, да доаѓаат посредници и експерти, државата ќе мора да го најде начинот за да продолжи да работи. Целта е да бидеме одговорни политичари и да седнеме сите да се договориме“, рече Заев на прес конференција со помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien