ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за сите обвинители од СЈО – предметите да ги преземе ЈО

Facebook
Twitter
Email
Print

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“, како и истрага за останатите обвинители дали имаат било каква поврзаност со овој случај. Притоа побара и обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства по завршување на мандатот, што е спротивно од предлогот на Владата.

 

„Не можеме да се сложиме со закон овие обвинители да бидат префрлени во новото јавно обвинителство. Сите обвинители според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се вратат во матичните обвинителства. Освен тоа потребна е детална истрага за срамниот случај Рекет, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација со осомничените и определени псевдоними, истрага и за директната или индиректна вмешаност на сите обвинители кои беа нејзини помошници“, рече Мицкоски.

 

Според предлогот на Мицкоски, сите обвинители на СЈО треба повторно да конкурираат на конкурс за вработување на обвинители во новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција, а не директно да бидат префрлени.

 

Исто така, Мицкоски предлага и сите случаи на СЈО да бидат преземени од страна на државното јавно обвинителство, кое понатаму ќе ги прераспредели.

 

ВМРО-ДПМНЕ предлага и финансиска незавиност на целокупното државно обвинителство, бидејќи како што рече Мицкоски, со предлогот на СДСМ се планира финансиска независност само на новоформираното обвинителство, што би претставувало навреда за останатите обвинители.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи