ВИДЕО – Пет членото семејство Дамески од Прилеп живеат само со 150 евра месечно, 3 години немаат струја, секој ден им тропаат извршители

Пет членото семејство Дамески од Прилеп живеат само со пензија од 9.500 денари, која зема Богоја Дамески, од кои пак секој месец околу 3.000 денари се трошат за лекови на неговата сопруга Вера која мора да ги прима затоа што пред 3 години имала и срцев и мозочен удар. Секој ден им тропаат извршители на врата. Не плаќаат никакви сметки од 2012 година, а од 2016 година живеат брз струја. Готват или на дрва ако наберат сами во шумата или на плин.

 

 

„На пазар човек да појди под 1.000 денари дома не може да си дојди, а не да поминеш со 9.500 денари. Зимоска не можев да поминам, одев дрва сечев и на точак носев. За јадење што ќе се најде тоа, пиперка, домат, што ќе се најде тоа“, вели Богоја Дамески.

 

Најмногу му е жал за 3,5 годишниот внук кој нема нормално детство, не се храни соодветно и ги условите за развој како неговите врсници. Во куќата од сите страни дува, а на некои места и течи вода кога врне.

 

„Нема струја, не може да излези, не може да шета никаде, не може ни телевизор да му пуштиш да си гледа телевизија. Веќе од се е одсечено детето. Овде каде што седиме е ламперија, над ламперијата нема ништо. Немаме олуци, во течи внатре, дува“, додаде Дамески.

 

Ќерката на Дамески Весна и неговиот зет Оливер Павлоски се лица со нарушено психичко здравје. Павлоски работел порано во едно заштитно друштво, но и од таму го отпуштиле од работа. Не работи ниту неговата сопруга. Бара помош од државата пред се за детето.

 

„Немам работа, збирам понекогаш железо ако најдам, земам некоја стотка за детево. Прашувам на места, не примаат. Барам работа од институциите да ме вработат за детето“, кажа Оливер Павлоски, зет на Дамески.

 

Дамески се надеваат дека нивниот апел ќе го слушнат институциите и дека ќе им помогнат на некој начин за им овозможат да имаат нормален живот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien