Прилепчанецот Александар Стојкоски, придружуван од Александар Еленин, Антонио Каранфилоски и Мери Мирческа вечерва во 20 часот ќе го започнат својот најнов подвиг за околу 20 часа со трчање да се искачат на 20-тина врвови повисоки од 2.000 метри на масивот Мокра планина, кој ги опфаќа планините Јакупица, Даутица и Караџица.
Ова е втор ваков сличен нивни потфат после оној во октомври лани кога со трчање се искачија на 23 врвови на Баба планина за 19 часа, поминувајќи 85 км.
За Александар Стојкоски и Мери Мирческа ова ќе биде и финална подготовка за планинската трка Ultra Trail du Mont-Blanc која ќе се одржи кон крајот на август и која се смета за неофицијално светско првемство во планинско трчање. Стојкоски ќе трча на 100 км. , а додека Мирческа на 170 км.