Драган Ѓоргиев претседател на комисијата за историски прашања со Бугарија вели дека според македонската историографија Гоце Делчев е Македонец и според неговите убедувања и целокупната активност. Ѓоргиев вели дека тој се борел за Македонија и е главниот идеолог за македонската државотворност. Според него дали ќе биде решено прашањето за Гоце Делчев ќе зависи од конструктивноста на двете страни во Комисиијата. Навлегувањето во идентитеското прашање за Гоце Делчев може да ја доведе Комисијата во ќорсокак. Ѓоргиев објаснува дека треба да се најде вредност која ги поврзува двата народи, а не да се заглавува во идентитетот.
88