Апелација ја потврди 7 годишната затворската казна за дедото на Тамара

Facebook
Twitter
Email
Print

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената одлука со која дедото на малата Тамара која почина чекајќи операција на рбетот, Љупчо Стојановски од Велес беше осуден на 7 и пол години затвор.

 

„Апеалциониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје ја достави пресудата КЖ. Бр. 259/19 со која во целост ја потврдува првостепната пресуда на кривичниот суд со К.бр. 1989/18 против Љ.С. за кривичното дело Убиство по член 123 ст.1 в.в со чл.19 од КЗ“, информираа од Кривиниот суд.

 

Инаку оваа одлука што ја донесе второстепениот суд е сосема спротивна од првата донесена од истиот овој суд. Ако сега апелациските судии се согласни со одлуката на кривичните судии, првиот пат истиот овој суд ја укина, па ја врати пресудата на повторено судење.

 

„Пресудата е недоволно јасна и разбирлива, а во образложението не се содржани доволно причини за решителните факти во однос на постоењето на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот“, пишуваше во првата одлука на Апелацискиот суд во Скопје.

 

Во повтореното судење она што дополнително беше направено е реконструкција на целиот настан во кој дедото на починатата Тамара пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Со оваа одлука, пресудата станува правосилна, а Стојановски веќе се наоѓа на издржување на затворската казна.

 

Инаку неговата внука, малата Тамара Димовска почина пред повеќе од четири години, чекајќи операција на рбетот во странство, за што Основниот кривичен суд води процес против лекарите и членовите на комисијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи