Филипче се дообјасни: Лекови без квота може да подигне и роднина на пациент

Доколку лично некој не може да го земе лекот, може некој друг да го земе лекот со рецепт и здравствена книшка, се дообјасни денес министерот за здравство Венко Филипче.

 

„Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства“, рече Филипче.

 

Она што е ново е дека оној што го зема лекот во името на некој друг мора да ја приложи и својата лична карта.

 

Од денеска во Охрид, Струга, Ресен, Дојран се укинуваат квотите за лекови. Тоа значи дека секој мора да го добие лекот, а укинувањето почнува од туристичките места, бидејќи во летниот период лекови земаат и граѓани кои одат на одмор и на рецепт земаат лекови од тамошните аптеки.

 

Со укинувањето на квотите се очекува да се намали пронаоѓањето на „нелегалниот пат“ да се земе кутија повеќе лек.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien