Шекеринска: До крајот на годинава се очекува АРМ да набави борбени возила од САД

Facebook
Twitter
Email
Print

До крајот на годинава нашата Армија ќе може да обезбеди борбени возила како резултат на договор меѓу македонската и американската влада, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање што планира да набави земјава во рамки на програмата на Пентагон за помош на некои сојузнички држави за замена на опремата од руско производство, од која за нашата држава се предвидени 30 милиони долари за набавка на воени возила.

 

Таа појасни дека во новиот Закон за јавни набавки во одбраната и безбедноста е оставена можноста државата да може да спроведува модернизација на Армијата во договор со друга земја членка на НАТО, без мешање на интереси на фирми и поединци.

 

„Јас се надевам дека сега откако законот е усвоен, ќе можеме да влеземе во посериозната фаза од разговори со САД и да ги искористиме овие можности кои не беше лесно да се добијат. Беа одобрени средства и ако сѐ тече според планот, се надевам дека до крајот на годинава нашата Армија ќе може да обезбеди борбени возила како резултат на договор на нашата Влада и Владата на САД“, најави министерката Шекеринска при денешната посета на велешката касарна.

Таа потенцира дека досега многу често модернизацијата на Армијата беше одлагана и беше неуспешна, како резултат на постапки кои беа многу контроверзни, со наводи за корупција и со недоволна отвореност и транспарентност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи