Мене едно нешто ми е јасно, дека опозицијата не бара избори, опозицијата бара само да избегне дискусија и гласање и поддршка на закон кој ќе гарантира борба против корупцијата. Ова денеска во Прилеп го истакна Радмила Шекеринска, министерка за одбрана и потпретседател на Владата. Според Шекеринска ВМРО-ДПМНЕ со сегашните постапки само правело прелки на патот кон ЕУ и НАТО.
„Десет пати ќе зборуваат за избори, само да бегаат од клучниот предизвик, а тоа е како да обезбедиме сите кои направиле криминал да одговараат. И за тоа ни е неопходна измена во Законот за јавно обвинителство, за што и тие се обврзани да дадат поддршка, затоа што партија која не се бори против криминалот и корупцијата, нема што да бара на избори.
Очекуваме дека овој приоритет кој е клучен за граѓаните, тие го бараат. Овој приоритет кој е клучен за ЕУ, да биде првото прашање околу кое ќе постигнеме консензус. Не може партија во опозиција да вели дека бара членство и се залага и поддржува членство во ЕУ и НАТО, а со секоја одлука и со секое однесување на прави 1.000 пречки.
Ако се за ЕУ, во септември еве ја шансата тоа да го докажат, да гласаат за Законот за јавно обвинителство и да покажат дека прекинале да го поддржуваат криминалот и корупцијата“, истакна Шекеринска.