Новинарот кој го објави видеото за „Рекет“ тврди дека ова е само почеток, следуваат шокантни документи!

Facebook
Twitter
Email
Print

Ларис Гаисер, кој се јавува како автор на веста во чии рамки беа објавени видео и аудио снимка на кои се гледа и се слуша како Боки 13 заедно со Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев, при што Боки 13 му вели на Камчев дека Катица Јанева нема да преземе правни мерки против него и ќе биде на слобода, најави нови репортажи и документи за, како што вели, корупцијата во македонскиот судски систем под палка на политичарите.

 

„Денеска во Ла Верита е објавен првиот дел од мојата сторија што докажува како Европската Унија, откако даде поддршка за промена на режимот во Македонија, со цел да го ограничи нејзиниот суверенитет, се заложи за основање на специјално јавно обвинителство (со Катица Јанева) коешто од самиот почеток не само што нелегално се мешаше во политиката, туку и рекетираше луѓе! Мафијашки систем контролиран од политичари од врвот! Од оние политичари барани од ЕУ и Сорос. Македонија има голем проблем на патот кон ЕУ, тоа е самата ЕУ! Могерини, Јункер и соработниците се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување на сѐ што е во спротивност на владеењето на правото, за коешто толку гласно претендира Брисел. Во следните неколку денови, ќе објавиме шокантни документи коишто, искрено се надевам, ќе ѐ помогнат на Македонија да го пронајде патот кон функционалната демократија!“, пишува Гаисер.

 

 

Набргу потоа, тој во друг фејсбук пост напиша: „мафијашки систем функционира под закрила на врвните поличари“.

 

Во кратката биографија за Гаисер, објавена на сајтот „Ла Верита“, стои дека е член на Италијанскиот тим за безбедност, терористички прашања и управување со итни случаи на Католичкиот Универзитет во Милано. Тој предава меѓународни односи на Универзитетот во Џорџија (САД) и геополитика, геоекономија и надворешни работи на Академијата за дипломати во Виена. Исто така е владин и деловен консултант.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи