Во денови кога се одвива Светското првенство во параглајдинг, што е од големо значење за развој на алтернативниот туризам, кој е повеќе од потребен со цел Крушево да стане град за четири сезони, крушевчани и туристите се соочуваат со голема непријатност – гори депонијата која се наоѓа на самиот влез на градот.
Тоа секако воопшто не преставува убава слика за градот, ниту за домашните, ниту за странските туристи, а особено за крушевчани, според кои ова не е прв пат да гори локалната депонија.
„Учесниците на Светското првенство во параглајдерство ќе понесат „силни“ смрдливи импресии. А крушевчаните се навикнати на вакви и слични тортури“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крушево ги повикаа надлежните на град Крушево да им овозможат непречен тек на учесниците на светското првенство во параглајдинг и да го изгаснат ѓубриштето.