Во тек е обележувањето на четирите велосипедски патеки во околината на Крушево, во вкупна должина од 42 километри.
Во текот на вчерашниот дена беа обележани 4,2 километри патеки, а денес ќе бидат обележани дополнителни 20 километри.
„Овие патеки ќе бидат целосно обележани и оспособени за многу фестивали на отворено кои вклучуваат велосипедски и планинарски тури, но и за рекреативно и самостојно користење на овие патеки од граѓаните на Крушево и туристите“, велат од Општина Крушево.
84