Катица Јанева се врати на работа, се уште нема добиено покана за распит во ОЈО

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по еднонеделниот одмор денеска официјално се врати на работа. Таа се уште нема добиено покана да се појави на распит во Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет”, информираат од СЈО.

 

Засега во овој случај осомничени се само Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец кои од 15 јули се во 30-дневен притвор.

 

Во дел од снимките за случајот „Рекет“ објавени по медиумите се слуша гласот, најверојатно на Катица Јанева која во разговор со бизнисменот Орце Камчев му вели дека сѐ ќе биде ок.

 

Јанева во писмена изјава вели дека била злоупотребена и дека во интерес на истрагата повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да издејствува подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало и преку од нив назначени посредници.

 

Обвинителката Вилма Русковска неодамна најави дека е можно истрагата за „Рекет“ да се прошири.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи