Сонцето од Кутлеш ќе се отстранува од институциите и јавните површини

Facebook
Twitter
Email
Print

Симболот на првото македонско знаме, ѕвездата од Вергина, од денес не смее да стои на ниту една институција, споменик или друг јавен простор. За периодот од шест месеци од стапување во cила на Договорот од Преспа, кој истекува утре, власта се обврза Сонцето од Вергина да биде отстрането.

 

„Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба“, наведено е во членот 8 став 3 од Преспанскиот договор.

 

На спомениците пак што упатуваат на хеленската античка историја и цивилизација, ќе бидат ставени плочки со информации дека се де од тој период и таа цивилизација.

 

„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката хеленската историја и цивилизација , што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, стои во член 8 став 2 од договорот.

 

Засега останува нејасно што ќе биде со плоштадите каде го има овој симбил, сувенирите кои се продаваат, но и со дел од шахтите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи