ВИДЕО – Лукаревска : Скенирани се 10 милиони сметки, кај граѓаните до овој момент ќе се вратат над 86 милиони денари

За пофалба е тоа што веќе надминавме 10 милиони скенирани сметки преку проектот МојДДВ. Тоа значи околу 5.2 милијарди денари остварен промет, односно повеќе од 500 милиони денари пресметан ДДВ, односно повеќе од 86 милиони денари ќе одат во џебот на граѓаните преку оваа мерка. Ова денеска го истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска, при посетата на Општина Прилеп.

 

 

„Максимално ќе се посветиме на тоа да што повеќе корисници или регистрирани лица во системот да ја преземат оваа апликација. Сега имаме повеќе од 150.000 корисници на оваа апликација преку андроид и преку ајфон. Ја унапредивме апликацијата, онаму каде што имаше технички недостатоци и тие ги подмиривме и така ќе правиме и во иднина, се до оној момент додека не ја доведеме до совршенство, затоа што навистина е битна оваа апликација, затоа што враќаме пари кај граѓаните, и тоа не мала сума“, истакна Лукаревска.

 

Лукаревска заедно со градоначалникот Илија Јованоски одржаа и работна средба со угостителите од Прилеп околу применувањето на законите и инспекциските мерки.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи