ВИДЕО – Поградец – убавина која вреди да се види од другата страна на Охридското езеро

Албанскиот град Поградец е сместен на јужната страна на Охридското езеро и се наоѓа на само 12 км. од Свети Наум или околу 20 минути возење од овој манастирски комплекс. Денес Поградец брои околу 30.000 илјади жители и претставува вистински урбан туристички центар.

 

Километарски песочни плажи уредени со шанкови и лежалки, шеталишта, маркети, бутици, кафеани и кафулиња на секој чекор и се тоа по доста пристапни цени.

 

Интересно е да се каже дека по целата должина на регионалниот пат кој оди веднаш покрај самото Охридско езеро од Поградец до населеното место Лин, во должина од околу 25 км. има осветлена патека за велосипедисти изградена според сите најсовремени стандарди.

 

Екипата на Инфо Компас направи видео репортажа од овој албански град кој доколку го немате посетено нека биде вашата следна викенд дестинација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien