Романтична вечер на Мелани Пеоска и пријателите – концерт во Марко Цепенков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 16 август /петок/ 2019г. во 20.00 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт „Романтична вечер на Мелани Пеоска и  пријателите“.

 

Програма за концертот

 

  1. М.Пеоска:  „Spring“, „River“, „Sunset“, „Moonlight“, „Fairytale“, „Waltz“, „Love story“, „Winter blow“, „Mountains“, „Impression“.

 

Изведуваат : Мелани Пеоска (пијано), Софија Никоска(виолина), Марија Јанчулеска (виолина), Љупчо Трајаноски (виола), Андријана Дукоска (виолончело).

 

  1. Познати евергрини во изведба на Александар Здравков (глас), Филип Пеоски (пијано).

 

Податоци за Мелани Пеоска

 

Мелани Пеоска е родена 1985 година во Загреб, Хрватска. Своето образование го формира во Загреб. Средно музичко училиште, насока пијано-завршува во класата на проф. Власта Пољак. 2009г. дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на проф.Павица Гвоздиќ – академски музичар, пијанист, проф. по пијано и магистер по пијано.

 

Мелани е добитник на високи признанија и награди на натпревари во Хрватска и тоа : Прво место на натпреварот “Мали Амадеус”, Второ место на државниот натпревар по пијано и камерна музика, добитник е и на посебна награда “Фонд Јанка Шањек”, за најдобар ученик во средно училиште.

 

Активно настапува и одржува концерти во Македонија, Германија и Хрватска како солист и камерен соработник.

 

Нејзини позначајни концерти во Хрватска-Загреб се одржани во” ХГЗ-Хрватски глазбени завод”, “Повијесни музеј”, “Еуропски дом” и др.

 

Настапи има и во останатите градови во Хрватска – Самобор, Велика Горица, Крапина, Дарувар, Липик, Опатија, Шибеник, Ријека и др.

 

Одржува и пијано рецитали во Германија и тоа во салата “Курхаус” во БадХомбург – Франкфурт, Салата “Менделсонхаус” во Лајпциг, Салата “Марштал” во Аренсбург-Хамбург.

 

Во Австрија има настапувано на Музичката академија “Моцартеум” во Салзбург.  Од 2013год. живее и активно настапува во Р.С.Германија. Заедно со својот сопруг Филип Пеоски, основачи се на приватното музичко училиште „Пеоски“ во округот Оснабрук-Германија.

 

Од 2018 година настапува низ територијата на Германија првпат како солист, а воедно и автор на клавирските дела наречени „Клавирски Импровизации“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи