ВИДЕО – Изворите на Дрилон – близнакот на изворите на Свети Наум, омиленото летувалиште на Енвер Хоџа

Изворите Дрилон се од карстно потекло и се вливаат во југоисточната страна на Охридското езеро, во близина на селото Гурас, кај градот Поградец. Нивото на водата се менува во зависност од сезоната и во голема мера зависи од врнежите на дожд и снег. Водата во овие извори, заедно со тие кај Св. Наум, потекнува од Преспанското езеро. Изворите се препознатливи по кристално чистата вода и по мирниот тек на истата во плитко корито, опкружено со најразлична вегетација, се до вливот во Охридско езеро. Температурата варира од 11 до 15 степени целзиусови.

 

Екипата на Инфо Компас направи ексклузивно дрон видео од целиот комплекс кое може да го погледнете подолу !

 

 

Водата од овие извори е особено погодна за пастрмка и крап. Покрај тоа, привлекува птици како лебеди, мали чапји, корморани, пајки, но и други животни како зајаци, лисици итн.

 

Паркот Дрилон е креиран да служи за релаксација, како и исполнување на желбите за забава на политичкото водство за време на диктатурата. Во срцето на Дрилон се вилите кои ги користеше диктаторот Енвер Хоџа за време на неговите одмори, денес познати како Арт вила. Комплексот на вили во тоа време бил познат под името „Вили на лидерите“.  Дел од нив сега се приспособени за туристичка намена.

 

Покрај тоа што се користат за релаксација, паркот Дрилон стана идеално место за медитација, сликање и спортски активности како рибарење или возење со чамец.

 

Денес Дрилон е посетен од граѓани, туристи, но и било кој друг кој има желба да се запознае со убавините кои ги нуди.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи