Изложба на дигитални генерирани слики од Оливер Маринкоски во Цепенков

На 16 август /петок/ 2019г. во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дигитални генерирани слики од Оливер Маринкоски, кој за првпат ќе се претстави пред прилепската јавност.

 

За изложбата

Авторот е иронично настроен критичар кон некои трендови на модерната цивилизација чии последици одамна ги чувствуваме. За разлика од неговите претходни дела на надреализам, хорор и антропоморфни  суштества, тој со оваа изложба на дигитални генерирани слики гледа да ја достигне истата цел, но со совршенството на античките старословенски божества претставени рамо до рамо  паралелно со новите римски и хеленистички еквиваленти.

 

 

За уметникот

Оливер Маринкоски, роден во Тетово. Завршил средно уметничко училиште во Скопје и Факултет за уметност и хуманистички науки на Тетовскиот Универзитет 2005- 2009. Работи како графички дизајнер и 3Д моделар. Има реализирано три самостојни изложби во Скопје ( Отворено графичко студио 2012, Концепт 37 во 2015 и во Јавна соба во 2017). Групни изложби во Центар Лоја во Тетово и Музеј на Холокаустот во Скопје во 2014.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи