Кривична за двајца прилепчани кои продавале „трамадол“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 50 годишно лице и друго 23 годишно лице и двајцата од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.

 

На 15.08.2019 година по наредба на јавен обвинител полициски службеници, при претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата ,,Гостиварска“ и улицата „Тризла“ одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кои ги набавувале во аптека од Велес.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien