ВИДЕО – Асоцијацијата „Ластовица“ го издаде водичот – „Како да се комуницира со лицата со инвалидитет“

Асоцијацијата за правата на деца и млади со посебни потреби „Ластовица“ го издаде водичот „Како да се комуницира со лицата со инвалидитет“, чие издавање е завршница на проектот „И Ние сме тука“, чија реализација пак беше дел од еден поголемиот проект насловен како „Попреченоста е прашање на перцепција. Целиот проект е финансира со средства од ЕУ, а се реализираше 6 месеци во соработка со Институтот за попречености од Лондон, Македонскиот институт за медиуми, Националниот совет на инвалидскиите организации на Македонија и асоцијацијата Ластовица.

 

 

Како дел од проектот се организираа повеќе работилници на локално ниво со учениците и наставниците од основните и средни училишта во Прилеп, децата од градинката „Весело Штркче“ од Кривогаштани, се одбележа Светскиот ден на аутизмот, како и бројни друго активности се со цел подигнување на свесноста за присуството на лицата со посебни потреби и за нивните потреби и права како граѓани на оваа земја.

 

„На настанот како завршно е промоција на водичот „Како да комуницираме со лицата со инвалидитет“, односно тука се опфатени сите видови на попреченост, сите инвалидитети и помасовно, секојдневно наше однесување и среќавање на лицата со инвалидитет и како тоа ние да им пристапиме, како да им пристапиме да не ги навредиме, како да им пристапиме да им помогниме и како тие да се чувствуваат дел од секојдневието.

 

Досега се пристапуваше во однос на несвесна дискриминација. Ние сите настојуваме кон лицата со инвалидитет да гледаме со емпатија, нормално, природно, човечки е да им помагаме на оние што помалку можат во одредена ситуација, меѓутоа некогаш не сме свесни дека кон лицата со инвалидитет правиме несвесна дискриминација во однос на комуникацијата и во однос на постапките. Тоа е дел од водичот, значи како да се однесуваме кон лице во количка, како да разговараме со него, како да му помогниме во однос на преминување на улица, како да се однесуваме со слепи лица, како со лице со оштетен слух, говор, итн…“, истакна Светлана Миоковиќ Томеска од Асоцијацијата за правата на деца и млади со посебни потреби „Ластовица“.

 

 

 

 

 

Асоцијацијата „Ластовица“ всушност акцентот на целиот проект го става на образовната инклузија. Практично како што велат и самата организација  проектот е само мала финансиска поддршка на она што тие и онака секојдневно го работата во основното училиште „Свети Килемнт Охридски“ во Прилеп.

 

„Ја гледам инклузијата како нешто што е многу важно и во наставниот процес редовно се трудиме да ја спроведиме онака како што треба, но предизвиците се огромни. Тргнувајќи од лошата инфраструктура на училиштата, немањето адаптирани училници, немањето знаење како да се постапува со тие лица и сето тоа ги отежнува работите, но колку што можеме се трудиме да ги подобриме колку што е во наша моќ. Но исто така и да апелираме до институциите, на локалната самоуправа, Министерството, на самото општество како сето тоа да биде се подобро и подобро. Има можности, но мора да се работи многу на тоа поле. Овој проект заврши, до крајот на месецот, но сепак тоа е еден процес кој ќе трае и трае и од нас зависи дали ќе има напредок или не’, додаде Јулијана Талеска, Асоцијација „Ластовица“.

 

 

 

 

Од Асоцијацијата за правата на деца и млади со посебни потреби „Ластовица“ велат дека се задоволни од досегашната реализација и постигнувањњето на целите на проектот „И Ние сме тука“ и ќе продолжеле и во иднина за јакнење на јавната свеста за односот кон лицата со инвалидитет и нивното вклучување во секојдневните активности. Затоа што односот на општеството кон луѓето со инвалидност е всушност главен показател за неговиот цивилизациски развој. Проблемот на попреченост не е само резултат од оштетување на некои функции, туку е и производ на меѓусебните односи со лицата кои немаат попреченост.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи