Жител на с. Селце се здобил со тешки телесни повреди поправајќи камион

Маж се здобил со тешки телесни повреди при поправање на камион, информира МВР. На 18.08. во 12:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп, на местото викано „Црвени Брегови“, во стовариште за песок, 61-годишниот О.И. од село Селце, додека поправал камион се здобил со тешки телесни повреди.

 

Повредениот итно бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’.

 

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи