Таблата што е поставена на споменикот на Александар Македонски во центарот на Прилеп е оштетена. Покрај обидот за нејзино отстранување, пречкртан е и зборот „хеленистичка“ од истата.
Поставувањето на таблите на спомениците следува по владината наредба до единиците на локалната самоуправа, државните и јавните институции, да ги почитуваат обврските од Преспанскиот договор, при што на сите споменици за личности кои потекнуваат од античкиот период треба да бидат поставени табли со кои се акцентира дека претставените личности припаѓаат на атничката хеленска историја и култура. Исто така, според Преспанскиот договор, Сонцето од Кутлеш треба да биде отстрането од сите јавни површини.
Кај голем дел од јавноста, овие акции наидоа на неодобрување, бидејќи, според нив, тоа претставува откажување од дел од македонската историја.
Интересно е да се напомене дека таблата во Прилеп беше на македонски и на англиски јазик, додека во скопје таблите беа тројазични.