Ребаланс на буџетот до октомври

Facebook
Twitter
Email
Print

Заменик министерката за финансии, Ширет Елези информираше дека ребаланс на буџетот ќе се случи до крајот на септември или почетокот на октомври.

 

Во изјава за медиумите Елези рече дека во тек е фазата на преоценување на сите стапки од приходната и расходната страна на Буџетот.

 

„Ребалансот на Буџетот е редовна пракса што се случува во текот на фискалната година. Се прави преоценување на сите стапки во расходната и приходната страна. Веќе сме во фаза на анализа во овој дел. Ребалансот на Буџетот ќе се лансира најдоцна во последната недела од септември или почетокот на октомври“, истакна Елези, одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на договорите со 11 општини за грант средства и заеми преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

 

Премиерот Зоран Заев кој ја врши и функцијата министер за финасии, неодамна изјави дека со ребалансот ќе се издвојат повеќе пари за довршување на проектот гасификација на земјава каде што работите се одвиваат со забрзано темпо и недостигаат пари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи