Јанева во својство на сведок на распит за „Рекет“ во присуство на адвокат

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, претпладнево пристигна на распит во Обвинителството за организиран криминал, придружувана од адвокат. Пред обвинителката Вилма Рускоска ќе дава изјава во својство на сведок.

 

Јанева пред влезот во Обвинителството изјави дека се надева оти нејзиниот денешен исказ ќе помогне за да се забрза истрагата за случајот „Рекет“.

 

„Јас сѐ уште сум специјален обвинител. Се надевам дека денешната моја изјава ќе придонесе на успешно завршување на истрагата која е во тек“, изјави Катица Јанева.

 

Она што е невообичаено е што Јанева во својство на сведок се појави со адвокат, бидејќи тоа е пракса ако повиканиот е жртва или оштетено лице. Исто така контрадикторно е што нејзиниот адвокат, Стеван Павлевски е адвокат и на еден од осомничените во случајот „Империја“, Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“. „Империја“ е случај на СЈО, што  значи Јанева ја брани адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет што таа го гони. Исто така, Павлески му е бранител и на екс директорот Љупчо Ѓорѓиевски, обвинет во случајот „Траекторија“.

 

За предметот „Рекет“ досега беа сослушани второосомничениот Зоран Милески – Кичеец, пензионерката Лилјана Тодоровска како потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Боки 13 и тројца обвинители на СЈО – Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи