Прилепчанец тешко повреден при пад од мотор на патот Прилеп – Крушево

Прилепчанец се здоби со тешки телесни повреди при пад со мотор на регионалниот пат Прилеп – Крушево.

 

Како што соопшти МВР, 46-годишниот прилепчанец со иницијали Е. Р., вчера напладне управувајќи со својот мотоцикл „Фости“ со прилепски регистарски таблици, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување лекарска помош.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи