ВИДЕО – Завир – местото каде Преспанско езеро понира во Охридско и островот Мал Град

Завир е местото каде Преспанско езеро понира во Охридско. Тоа се случува поради висинската разлика на двете езера. Преспанско е повисоко за 158 метри од Охридско езеро. Завир се наоѓа во близина на селото Долна Горица, на неколку километри од Македонско – Албанската граница.

 

 

Во близина на Завир освен островот Голем Град се наоѓа и другиот острев во Преспанско езеро кој се вика Мал Град и кој може да се види само од албанска страна бидејќи се наоѓа во заливот каде пак е лоцирано населеното место Пустец.

 

Островот Мал Град е карактеристичен по своите пештери и црквата „Пресвета Богородица“ изградена во 1396 година.

 

Пустец е административен центар на Општина Пустец, која има 9 населени места со претежно доминантно македонско население. Пустец е и единствената општина во Албанија каде градоначалник е Македонец.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien