Горат белите дробови на планетата Земја – пожарите во Амазонија надвор од контрола

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Рекорден број пожари се регистрирани во џунглата Амазон во Бразил годинава, покажуваат новите податоци од Националниот институт за истражување на вселената (Инпе). Институтот соопшти дека неговите сателитски податоци покажуваат пораст од 84% во однос на истиот период во 2018 година.

 

Најголемата тропска дождовна шума во светот, Амазон е витален магацин за јаглерод диоксид , кој го забавува темпото на глобалното затоплување и произведува 20% од кислородот кој го дишиме. Таа е исто така дом на околу 3 милиони видови на растенија и животни , како и 1 милион домородци.
Инпе регистрирале повеќе од 74.000 пожари меѓу јануари и август, што е најголем број од сметањето во 2013 година. Институтот додаде дека тие имаат повеќе од 9.500 пожари од четвртокот, најмногу во регионот Амазон.

 

Научниците потенцираат дека тропските дождовни шуми опаѓаат, а еколозите за животната средина го обвинија бразилскиот претседател Болсонаро за маките на Амазон, велејќи дека неговото непреземање на акции ги охрабрува дрвосечачите и земјоделците да ја запалат шумата, а со тоа и да ја намалат, за да отворат земјоделско земјиште, или пак земјиште за одгледување добиток.

 

Во изминатата деценија, претходните влади успеаја да го спречат уништувањето на шумите со федералните агенции и системот на казни. Но, Балсонару и неговите министри ги критикуваа казните и ги намалија запленувањата на дрва и пресудите за криминал во животната средина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи