Непал ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба во регионот на Еверест

Непалските власти ќе ја забранат пластиката за еднократна употреба во регионот на Еверест, во обид да го намалат отпадот што го оставаат алпинистите. Забраната ќе стапи на сила од јануари 2020 година во руралната општината Хумбу Пасан Ламу.

 

Локален претставник на заедницата за новинската агенција „АФП“ изјави дека ваквата мерка „ќе помогне регионот, Еверест и планините на дологорочно ниво да се чисти“. Сите пластични шишиња и пластиката со ширина помала од 30 микрони ќе бидат забранети во покраината, но сè уште не се знае каква ќе биде казната за оние кои нема да ја почитуваат забраната.

 

Хумбу Пасанг Ламу секоја година го посетуваат десетици илјади туристи. Дозвола за искачување на највисокиот врв на светот Еверест чини 11.000 долари и се предлага нејзино поскапување на најмалку 35.000.

 

Властите неодамна расчистија 11 тони ѓубре од Монт Еверест, а воведуваат и се повеќе и повеќе мерки за да се ограничи ефектот што го имаат туристите врз местото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien