Се запали двокатен автобус во Скопје, нема повредени

Facebook
Twitter
Email
Print

Двокатен автобус на ЈСП Скопје се запали во населбата Ѓорче Петров и комплетно изгоре, при што нема повредени патници. Како што првично се објавува, причина за пожарот е неисправна инсталација.

 

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале.

 

Од Бригадата за против пожарна заштита информираат дека добиле повик во 9 и 40 дека на улицата Ѓорче Петров има опожарен автобус на ЈСП. По пристигнувањето, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за 10 минути .

 

 

Екипите на министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот со цел да ги утврдат причините за пожарот, информираат од  град Скопје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи