Полицијата му покажала знак стоп на прилепчанец, а при обидот да го легитимираат тој стиснал на гас и удрил еден од полицајците.
Околу 19.00 часот вчера на улицата ,,Браќа Ламескимај“ во Прилеп, при обид на полициски службеници да легитимираат лице кое било во патничко возило „Југо“, прилепчанецот го стартувал возилото и со отворената врата удрил еден полициски службеник, при што му нанел повреда на десната рака.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
89