ВИДЕО – ЛАГ Агро Лидер: Заедно за подобар локален економски развој

Локалната акциона група Агро Лидер ја спроведе конференцијата „Заедно за одржлив развој“ во рамки на проектот „Лидер мерки, неопходни практики за одржлив рурален развој“. Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија. Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на ЛАГ-овите во Македонија, но и нивното влијание врз локалниот економски развој преку процесот на децентрализација.

 

 

Претседателот на ЛАГ Агро Лидер, Даниела Цветаноска истакна дека преку процесите на децентрализација, ЛАГ-овите се многу битен фактор за подобар и одржлив локален економски развој за општините во Македонија.

 

„Локалната акциона група Агро Лидер го спроведува проектот „Лидер мерки, неопходни практики за одржлив рурален развој“, кој што е финансиран од здружението Млади правници, а ние сме всушност подгрантисти на големиот проект кој е финансиран од Европска Унија. Главната цел на овој проект беше да се зајакнат локалните капацитети на нашиот ЛАГ, но исто така и на други ЛАГ-ови кои што се дел од мрежата на ЛАГ-ови, вкупно 8 на број.

 

Досега во рамките на овој проект ние направивме и реализиравме 6 состаноци во 6 различни општини, меѓу кои Крушево, Охрид, Крива Паланка, Велес, Тетово, повторно Крушево и на крајот ја имавме оваа конференција денес, која што ги соединува сите тие работи и влијае на делот како понатаму може да се придонесе за локален економски развој, како ЛАГ-овите и процесот на децентрализација влијаат врз сето тоа.

 

За таа цел ние имавме експерт од Грција, кој што е директор на одделот за општини, како плански регион, како кај нас што функционираат планските региони, кој што го пренесе своето знаење и своето искуство во делот за децентрализација, како малите општини би можеле да го спроведат процесот на децентрализација, кои понатамошни чекори би можеле да се преземат и како ние да го подобриме процесот на децентрализација, а секако тука е значењето на локалните акциони групи во тој процес на децентрализација“, рече Цветаноска.

 

Професорот Лефтерис Топалоглу, директор на Асоцијацијата на локални самоуправи во западниот дел од регионот Македонија во Грција, ги сподели грчките искуства при процесот на децентрализација, но даде и насоки со цел подобрување на локалниот економски развој, особено во малите општини.

 

„Имавме можност да ја претставиме административната структура во Грција. Таму има две нивоа на локална самоуправа во Грција, општини и региони. За време на последните 20 години многу големи реформи беа направени, а најважните реформи беа „Каподистрианс“ и „Каликратис“ реформите. „Каподистрианс“ се спроведе во 1997, додека „Каликратис во 2010 година. Главната идеја зад овие реформи беше да се соединат малите општини во поголеми, па така за време на првата реформа повеќе од 6.000 општини се соединија во околу 1.000 општини, а додека во другата реформа од 1034 општини точно се намалија на 327 општини.

 

Главната цел зад овие реформи беше да се зајакни улогата на општините во локалниот развој и регионалното планирање. Имавме можност да оцени до кој степен оваа намера и цел беше постигната. Главниот предизвик беше внатреопштинското децентрализирање, нашето искуство и докази досега покажаа дека многу понатамошни реформи се потребни да бидат спроведени со цел уште повеќе да се зајакне внатреопштинската децентрализација.

 

Имавме можност да ги споделиме нашите различни искуства и заклучивме дека првиот и најважен проблем за локалниот развој не се финансиските ресурси, туку човечките ресурси. Многу е важно и вреди да се инвестира во човечки ресурси за да се зајакне локалната власт.

 

Критичната работа е соработката, соработка на хоризонтално и вертикално ниво. Тоа значи дека општините треба да бидат отворени за нови мотодологии и нови пристапи на соработка, не само на национално, туку и меѓународно ниво исто така. Многу е важно да се сфати дека не сме сами, не сме на остров во средината на океанот, имаме соседи, насоки, синергии и треба да ги експлоатираме сите овие параметри со цел да постигни поголема вредност за локалното население“, рече Топалоглу.

 

Татјана Хасану, од Одделението за локален економски развој и меѓугранична соработка во Крушево истакна дека меѓуграничната соработка со општините од соседните земји е клучна за подобрување на локалниот економски развој.

 

„Можам да кажам дека сум особено задоволна од презентацијата на професорот Лефтерис, кој што ја изнесе структурата и организацијата на локалната самоуправа во Грција, што е особено битно да се знае и за нас како претставници на локалната самоуправа тука во Македонија. Доаѓам од одделението за локален еконоски развој и прекугранична соработка, една од можностите за унапредување на локалниот економски развој во нашата држава е искористувањето за прекугранична соработка со Грција. Тоа е нешто на што општините треба да обрнат посебно влијание, како извор и дополнително финансирање за решавање на секојдневните проблеми на нашите граѓани.

 

Сакам да напоменам дека не сме сами, дека покрај меѓуопштинската соработка во рамките на Пелагонискиот регион, на нашата држава, особено треба да обрнеме внимание на соработка, на заеднички проекти со општини од другата страна на границата, односно мора да обрнеме особено влијание во развојот на меѓуграничната соработка. Сами не можеме да одиме напред, но треба да ги имаме во предвид нашите можности, нашите предности и во соработка со останатите општини од соседните држави да имплементираме заеднички проекти, а сето во насока на подобрување на благосостојбата на нашите граѓани“, рече Хасану.

 

Оваа е уште една иницијатива спроведена од ЛАГ Агро Лидер, а ќе послужу за застапување и лобирање пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи