„Со  песна и оро до височините“ – КУД „Дримкол“ пред прилепчани

Под мотото „Со  песна и оро до височините“ во четврток 29.08.2019, од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ (арт плоштад) целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани.

 

Концертот е во рамките на Прилепското културно лето и е во програмата на ЦК„Марко Цепенков“ поддржана од Министерството за култура.

 

Податоци за  друштвото

 

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со своето долгогодишно постоење има оставено белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности.

 

Формирано е под името Печалбар, а подоцна се преименува во „Дримкол“ и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност. Како национално богатство друштвото ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоените дипломи, награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали .

Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Република Македонија. Но и покрај изворниот фолклор на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава. Друштвото денес брои 175 активни членови од 7 до 55 години распоредени во составите кои работат во рамките на друштвото:фолклорните ансамбли, пејчката група, изворниот оркестар.

 

КУД„Дримкол“веќе неколку години е класифицирано како друштво од Прва категорија во рамките на Министерството за култура на Република Македонија, класификација која од една страна претставува признание за долгогодишната успешна работа, а од друга страна и мотив за поголем придонес во развојот на Македонската култура и традиција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи