Продолжува негативниот наталитет во Македонија – 10.6 отсто помалку новороденчиња во споредба со лани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Продолжува трендот на намалување на новороденчиња во државава. Во вториот квартал годинава се евидентирани 4.693 живородени деца, или за 10,6 проценти помалку споредено со истиот период лани.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика паралелно се зголемува и бројот на починати лица. Во периодот април – јуни 2019 година починале 4.928 лица, односно за 7,3 отсто повеќе во споредба со идентичниот период лани.

 

„Природниот прираст изнесува – 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца споредено со бројот на умрените лица“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

 

Бројот на склучените бракови во второто тримесечје од годината е намален за 4,8 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 3.247 бракови. Во ова тримесечје пак, добиени се 439 извештаи за разведени бракови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи