Нов закон: Колку повеќе загадува возилото, толку поголем данок за сопственикот

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за финансии подготвува предлог-закон за данок на моторни возила со кој ќе се предвиди нов начин за плаќање данок за моторни возила, односно според степенот на загадување од истите.

 

„Имајќи ги предвид европските практики и препораките од странските експерти во оваа област, данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар. На овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерод диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина, што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните“, велат од Министерството за финансии.

 

Министерстовот за финансии треба да го подготви и да го достави предлогот на овој нов закон до Владата до 22 наредниот месец.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи