Расте уплатата на туристичката такса, како и бројот на туристи во Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Уплатата на туристичката такса во 2018 година се зголемила за 39 отсто во споредба со 2017 година што покажува дека свесноста за уплаќање на оваа давачка се зголемува. Но сепак се уште постои прикривање.

 

„Ја зголемивме уплатата на туристичката такса и тоа покажува дека бројот на туристи и ноќевања се зголемува, но и свесноста за уплаќање на таксата оди нагори. Ни престои работа се уште на ова поле и затоа ги повикувам сите издавачи на соби, вили и хотели целосно да ја плаќаат таксата затоа што преку изградба на патишта, подобра промоција, хигиена и слично тие пари се враќаат кон угостителскиот сектор“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Општина Крушево очекува во 2019 година да биде забележано уште поголемо покачување во уплатата.

 

Паралелно со покачувањето на уплатата на туристичката такса расте и бројот на туристи, па така во првите 6 месеци растот изнесува 17 отсто во споредба со истиот период лани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи