„Терминатор: мрачна судбина“ (Terminator: Dark Fate) – објавен е првиот трејлер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„Парамаунт“ го објави првиот трејлер за „Терминатор: мрачна судбина“ (Terminator: Dark Fate), најновото продолжение на култната научно-фантастична франшиза, кое по цели 28 години ќе ги обедини Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон.

 

Во режија на Тим Милер, кој се прослави со „Дедпул“, „Мрачна судбина“ се случува 27 години по дејството во „Терминатор 2“ и Сара Конор сѐ уште е вешт борец, но и свесна дека не успеала да ги спаси сите кога го спречи Судниот ден на 29 август 1997.

 

Нивната нова мисија е да ја заштитат Дани Рамос (Натали Рејес) од новиот модел на терминатор познат како Рев-9 (Габриел Луна), кој е испратен од иднината од Скајнет.

 

„Мрачна судбина“ е шести филм од франшизата што ја почна Џејмс Камерон во 1984 година и во кината доаѓа на 1 ноември.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи