Токио најбезбеден град во светот, Амстердам во Европа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Според Индексот на најбезбедни градови во светот објавен од „Economist intelligence unit“, Токио е најбезбеден град во светот, а Амстердам во Европа. Индексот се состои од четири видови безбедност: дигитална, инфраструктурна, здравствена и лична.

 

Сингапур е втор најбезбеден град, по главниот град на Јапонија, додека јапонска Осака е на третото место на таа листа. Истите градови исто така ги заземаа тие позиции според индексите за 2015 и 2017 година.

 

На списокот се наведени 60 градови, а индексот се обиде да го опфати концептот на „урбана еластичност“, односно можноста на градовите да апсорбираат шокови и да закрепнат од нив, велат истражувачите.

 

Азиско-пацифичкиот регион доминира во првите десет најбезбедни градови, како и во претходните години. Меѓу трите града споменати во првите десет се јужнокорејскиот Сеул (8-ми) и австралиските Сиднеј (5-ти) и Мелбурн (10-ти).

 

Два европски и два северноамерикански градови се меѓу првите десет. Амстердам е четврти на листата, Копенхаген е осми, додека преку Атлантикот Торонто е шести, а Вашингтон е седми.

 

Лагос (нигерија), Каракас (Венецуела), Јангон (Мјанмар), пакистанскиот Карачи и Дака (Бангладеш) се на последните пет позиции на тој индекс.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи