ЈКП Водовод: Енормно намалена издашноста на Студенчица – можни се и рестрикции на вода

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поради големата суша и неповолните временски услови, енормно е намалена издашноста на изорот Студенчица. Од тие причини, количините на вода кои ЈКП „Водовод и канализација” –  Прилеп ги добива од ЈП „Студенчица” не се доволни во целост да ги задоволат потребите за вода на граѓаните на општина Прилеп.

 

Како резултат на тоа, во одделни делови од градот можно е да се почувствува недостаток на вода или намален притисок. Со цел да се обезбеди доволно количество на вода до секој корисник, ЈКП „Водовод и канализација” во моментов врши перење на бунарските постројки и истите ќе бидат ставени во употреба во текот на утрешниот ден, сабота 31 август.

 

„Истовремено, сакаме да ве информираме дека нашите екипи ќе бидат постојано на терен, ќе вршат пренасочување на водата во системот со цел да обезбедиме доволно количество на вода до секое семеjство во нашата општина. И покрај тоа, доколку нема подобрување на состојбата и издашноста на изворот „Студенчица” продолжи да опаѓа, ЈКП „Водовод и канализација” ќе започне со рестрикции на водоснабдувањето во градот. Доколку истото се случи, ЈКП „Водовод и канализација” редовно и навремено, ќе ги известува граѓаните во кои делови на градот и во кој временски период на денот ќе почувствуваат недостаток на вода“, велат од ЈКП „Водовод и канализација” Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи