„The Mandalorian“ – серија инспирирана од „Star Wars“ сагата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Фантастична вест за сите фанови на „Star Wars“ сагата, пристигнува новата серија „The Mandalorian“! Станува збор за еден од најамбициозните проекти направени досега.

 

Серијата е сместена неколку години после распаѓањето на Империјата пред да се појави First Order, а го следи осамениот воин Mandalorian (кого го глуми Педро Паскал), кој владее со делот од галаксијата и ги избегнува властите на Новата република.

 

Доколку сте фанови на „Star Wars“ и сте ги гледале сите филмови од сагата, тогаш знаете за што станува збор.

 

„Ми се допаѓа идејата за мрачна и почудна верзија од „Star Wars“. Ова ќе биде комбинација од „Mad Max“ и „Star Wars“, објасни режисерот Џон Фарво.

 

 

Серијата е високобуџетна и изгледа фантастично. Конкретно, буџетот за десет епизоди изнесува повеќе од 100 милиони долари, што ја става во рангот на најскапите серии како што се „Game of Тhrones“ (15 милиони долари за една епизода во последната сезона), „The Crown“ и „Star Trek“ (8,5 милиони по епизода).

 

„The Mandalorian“ излегува на 12 ноември, на каналот на Disney +.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи