Прилепчанката Мери Мирческа истрча 170 км. околу Мон Блан за околу 42 часа

Прилепчанката Мери Мирческа ја заврши најпрестижната ултра маратонска трка во светот Ultra Trail du Mont Blanc – UTMB во должина од 170 КМ за 42:13:31(42 часа 13 минути и 31 секунда).

 

Ова е една од најсуровите планински трки и се смета за неофицијално светско првенство во планинското трчање. Ова е суштински настан за сите планински тркачи од целиот свет. Секоја година, елитата на светските тркачи се наоѓа во Шамони заедно со скоро 10.000 тркачи кои сакаат да учествуваат на една од 7-те трки на настанот. Оваа година настанот се одржува од 26-ти август до 1 септември.

 

На настанот волонтираат преку 2.000 доброволци од 15 различни земји и 18 француски, италијански и швајцарски комуни во околината на Мон Блан кои работат за успешен настан и ги поддржуваат тркачите на UTMB®. 20.000 поддржувачи доаѓаат да ги охрабрат своите најблиски и најмили и повеќе од 50.000 гледачи кои ќе го посетат настанот и ќе учествуваат во анимациите во сите села во околината на Мон Блан.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.