Бензините поскапеа половина денар

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се покачени за половина денар, така што цената на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар.

 

Цената на дизелот не претрпе промени и тој и оваа недела ќе се продава по 61 денар за литар, а со иста цена остана и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), односно за еден литар треба да се плати 51 денар.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,763 денари за килограм и изнесува 31,811 денари за килограм.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.