Жена од Бахамите во својот дом згрижила 97 кучиња скитници за да ги заштити од „Доријан“

Чела Филипс доби светска популарност, откако  во својот дом на Бахамите згрижила 97 кучиња скитници за да ги заштити од ураганот „Доријан“. На објавените фотографии и снимки се гледа како напуштените кучиња трчаат низ домот на Филипс.

 

 „Деведесет и седум кучиња се во мојата куќа, а 79 од нив во мојата спална соба. Беше лудо синоќа, измет насекаде, но барем го почитуваат мојот кревет и ниту едно не скокна на него“, напиша Чела Филипс на социјалните мрежи.

 

Таа додаде и дека жали што на други места кучињата бездомници немале каде да се засолнат. Таа како што вели дури им пуштила и музика, а ја вклучила и климата.

 

 

Ураганот Дориан сè уште беснее над Бахамите, оставајќи патека од екстремна штета зад себе. Досега петмина го изгубија својот живот во бурата, а десетици илјади се без кров над главата, со 13.000 домови уништени.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien