НАСА го претстави најмоќниот вселенски телескоп

НАСА го претставни најмоќниот вселенски телескоп на сите времиња откако нивните вселенски инженери за прв пат успешно ги споија двете половини на вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

 

„За да ги спојат двете половини, инженерите внимателно го кренале телескопот направен од огледала и научни инструменти над сончевиот штит и вселенското летало, користејќи кран, за да овозможат сите точки на контакт да бидат поставени на одредено место“, пренесува НАСА.

 

По механичкото склопување на опсерваторијата, електричните приклучоци ќе бидат споени , така што може да почне  тестирањето на електричните врски.

 

„Соединувањето на телескопот Џејмс Веб означува пресвртница во истражувањето на вселената, како и повеќе од 20 години напор на илјадници лица од НАСА, Европската вселенска агенција, канадската вселенска агенција, Нортроп Груман и сите наши партнери“, рече водачот на проектот Бил Oхс.

 

Следниот чекор ќе биде развој на петслоен соларен штит кој ќе ги заштити огледалата и инструментите да не се изладат и да ја блокираат инфрацрвената светлина од Земјата, Месечината и Сонцето.

 

„Инженерскиот тим направи голем чекор напред и наскоро ќе можеме да видиме нови слики од прекрасниот универзум во кој живееме“, рече Грегори Робинсон, директор на програмата Веб, во седиштето на НАСА во Вашингтон.

 

И двата дела на телескопот биле тестирани во околина слична на онаа по лансирањето на ракетата, односно орбита на милион километри од Земјата. Телескопот Веб ќе биде дополнително тестиран пред да биде закажано лансирањето за 2021 година.

 

Тоа е најголемата светска научна опсерваторија на универзумот и кога ќе стигне во вселената, овој најсилен телескоп ќе ја истражува вселената со цел да ги реши тајните на нашиот сончев систем, ќе пребарува нови светови зад далечните sвезди и ќе ја истражи структурата и потеклото на универзумот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.