На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“, застаре делото

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое се гонеше, односно за откривање на идентитет на заштитен сведок.

 

Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Марија Ѓорѓева, на денешното рочиште во предметот кажа дека од денот на извршување на кривичните дела, до денешното рочиште настапила застареност на кривичното гонење.

 

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот. Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а потоа беше во домашен притвор. Според Кривичниот суд, тој беше осуден на 4 години и шест месеци, а Апелација му ја намали казната на две години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.