ВИДЕО – Младеновски : За катастрофалното работење со прилепското вештачко езеро мора да има одговорност

Веќе подолго време апелираме за катастрофалното менаџирање со прилепското езеро од страна на кадрите на власта. Во текот на целиот летен период земјоделците трпеа ненадминливи штети на нивните земјоделски култури поради празното езеро. Ова денеска на прес конференција го истакна Иван Младеновски, член на Извршен комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Водата на езерото беше испуштена за да се изврши реконструкција на темелниот испуст на браната, што според нашите сознанија таков зафат не бил извршен.

 

Ги прашуваме надлежните да одговорат, дали е вистина дека водата од вештачкото езеро залудно била испуштена? Доколку е така, ќе сноси ли некој одговорност за уништениот рибен фонд на езерото, како и за огромните штети кои ги претрпеа земјоделците?

 

Доколку не е направена промена на испусниот вентил, за што се потрошени 9 милиони денари пари кои беа предвидени за реализација на овој проект?

 

Дали сега после сезоната за наводнување одново ќе ја испуштате водата од езерото? Имате ли грижа на совест за маките кои им ги предизвикувате на земјоделските семејства, кои уредно во пресрет на сезоната имаа потпишано договори за наводнување?

 

За ова одговорност мора да има и ќе има, сакале вие или не!

 

Покрај сето погоре споменато, потсетуваме и дека градоначалникот Илија Јованоски во предизборието за локалните избори, ветуваше изградба на спортско рекреативен центар околу езерото.

 

Од ова негово ветување денеска нема ништо, впрочем како и од се останато што вети пред грашаните. Уништувањето на вештачкото езеро е само еден од скандалите кои ги тресат вашите удобни фотељи на власт, но малку ќе биде и езерото полно со вода за да ја испере сета ваша неспособност и криминал“, изјави Младеновски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.